Бекот ја продолжи верноста: Младеновски уште две години во Бутел Скопје

Еден од играчите со најдолг стаж во тимот на Бутел Скопје, Јовица Младеновски, ја продолжи верноста.

Левиот бек и во следните две сезони ќе ги брани боите на суперлигашот. Тој изрази задоволство од досегашната соработка.

„Го продолживме договорот со Бутел Скопје на уште две години. Задоволен сум од досегашниот ангажман и времето поминато во Бутел и не гледам причина да не остане така и во иднина. Бутел е клуб што има високи амбиции и од година во година напредува во секој поглед. Задоволство е да се биде дел од еден ваков колектив каде што другарството е пред се. Во наредната сезона се надевам на остварување на што подобар пласман и место и во Европа“, вели Младеновски.

Претходно Бутел Скопје го потпиша и десниот бек Денис Тот од тимот на Охрид, кој се обврза на едногодишна верност.