Безјак официјално претставен во Нексе (ФОТО)

Хрватскиот вицепрвак Нексе во следните две сезони ќе биде посилен со искусниот Марко Безјак.

37-годишниот ракометар од Словенија во клубот од Нашице пристигна од европскиот шампион Магдебург и сигурно во тимот на Бранко Тамше ќе биде од голема помош.

Иако раководството на Нексе и средниот бек постигнаа договор пред четири месеци, сепак, поради клупските обврски на Безјак, дури денес беше неговата промоција во амбициозниот тим од Хрватска.

Безјак десет сезони мина во редовите на Магдебург, таму настапуваше од сезона 2012/13 и во штотуку завршената сезона успеа со бундеслигашот да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Искусниот ракометар во својата кариера беше дел и од Горење Велење и Ормож.