„Бевме избркани од собите, натпреварот за пласман на СП го чекавме во хотелските ходници“

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Иван Карачиќ беше гостин во подкастот на Спортски центар кој се емитува на босанскиот портал „Bljesak“.

Искусниот ракометар, кој моментално настапува во израелскиот шампионат, односно во екипата на Макаби Ришон Ле Зион, зборуваше на многу ракометни теми и се осврна на неколку непријатни случувања кои ги имал со неговите репрезентативни колеги.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во 2017, кое беше одржано во Франција, играше против Шведска.

На реванш дуелот против репрезентацијата на Шведска, кој беше одигран на 15 јуни, 2016 година, во Сараево, Карачиќ заедно со останатите репрезентативци на БиХ биле избркани од хотелот и им било соопштено дека нивното одјавување е до 12:00 часот.

„Ние играчите се обидовме да го оставиме сето тоа на страна, но понекогаш тоа едноставно не е можно, бидејќи кога ти одиш на квалификациски натпревари, прво те праќаат со автобус на Косово, а од Косово одиш директно во Словачка, каде што треба да победиш за да обезбедиш бараж дуел. Сето тоа е направено, потоа се игра бараж дуелот против Шведска, играш дома, на домашен терен, а пред натпреварот, кој е во 20:00 часот, ти велат дека одјавувањето од хотелот е во 12:00 часот и тогаш мораме да ги напуштиме нашите соби, додека Швеѓаните имаат ручек, потоа тие одат на одмараат во своите соби, а ние го чекаме натпреварот во ходниците…Не би сакал да зборувам за арогантно однесување на поединци од Ракометниот сојуз на БиХ”, изјави Карачиќ.

Братот на Игор Карачиќ од репрезентацијата на Бих се повлече по завршувањето на Европското првенство 2022.