Бебешко: Заслуживме барем бод!

Македонија стартуваше со победа на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, откако славеше над Украина со 26-25 со голот на капитенот Кире Лазаров.

Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко, смета дека неговите избраници заслужиле барем бод.

„Честитки за Македонија, но мислам дека ние заслуживме барем бод на овој натпревар. Ние имаме млад и неискусен тим, се боревме цел натпревар, но во финишот македонскиот голман имаше одлични одбрани“, изјави Бебешко.

Следен натпревар Македонија ќе игра за два дена против незгодниот состав на Чешка со почеток во 16:00 часот.