Барселона рутински одработи против Фленсбург

Актуелниот европски шампион, Барселона на свој терен славеше над Фленсбург со 29:22, во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Барселона немаа поголеми проблеми да дојдат до победа и за само десет минути игра го скршија отпорот на тимот од Германија. Фленсбург во воведниот дел играше во егал и до 20. минута сѐ уште беше во игра. Барселона во последните десет минути од првото полувреме одигра подобро во нападот и одбраната и на пауза замина со предност од плус четири гола разлика, 15:11.

Победникот веќе беше одлучен кога резултатот во 40. минута беше 21:14 за Барселона. До самиот крај немаше поголема промена на резултатот. Екипата на Фленсбург овој натпревар го одигра мирно, без голем притисок, бидејќи 6. позиција во групата Б, која носи осминафинале, му беше загарантирана.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот од победничката екипа, Алеиш Гомез со девет постигнати погодоци. Во составот на Фленсбург најефикасен беше Хампус Ване со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140