Барселона лесно се справи со Мотор Запорожје

Ракометарите на Барсеолна во целост ја оправдаа улогата на фаворити против Мотор Запорожје и во дуелот од второто коло во Лигата на шампионите на домашен терен славеа лесно и убедливо со 36:25.

Мотор само го имаше почетното водство од 0:1 и 1:2, а во продолжение доминираше еден тим на теренот. Слдуваше серија од 5:0 на Барселона за рано водство од четири разлика. Во 22. минута Мотор со голот на Пуховски намали на 12:10 но домаќините не дозволија противникот да се врати во селост.

До крај на првото полувреме Барселона одржуваше водство, сепак резултатски Мотор Запорожје беше во игра и со само три негатива можеше да се надева дека може да стигне до изнандување. Домашниот тим после 30 минути игра имаше 16:13.

Во продолжение Барселона ја потврди својата врвна класа и стигна до убедлива победа. После десетина минути веќе беше 22:16, а во продолжение продолжи да расте предноста на шпанскиот тим. Во 54. минута за првпат Барса поведе со двоцифрена разлика кога беше 31:21, а до крај рутински одиграа за нови бодови.

Дика Мем беше најрасположен за игра во составот на Барселона и постигна осум гола, Фабрегас, Ричардсон и Абељо имаа по четири реализации. Перез де Варгас беше одличен со 12 интервенции. За Мотор Запорожје, Пуховски беше најефикасен со шест погодоци, додека Козакевич и Шебетиќ имаа по четири гола.