Барселона го наполни голот на Загреб, му го расипа дебито на Шола

Екипата на Барселона дојде до победа од високи 45:27 со што само се виде разликата во квалитетот во моментов меѓу тимот од Каталонија и ППД Загреб.

Барселона беше во висока предност уште од стартот кога успеа да поведе со 8:1 после неполни десет минути така што тука тргнаа работите во позитивен правец, додека гостите никако не можеа да следат.

Краткиот период со новиот тренер Владо Шола не можеше ниту да го даде посакуваното така што и не можеше да се очекува нешто повеќе од Загреб. На полувреме резултатот беше 24:13 и тука веќе беше јасно кој победува.

Почетокот на вториот дел донесе нешто подобра игра на гостите кои успеаја да ја намалат високата предност на Барселона, но тоа како да влијаеше само мотивациски за Каталонците. Тргнаа порешително и само го наполнија голот на ППД Загреб.

На крајот 45:27 што беше нов висок пораз за шампионот на Хрватска каде вечерва Алекс Влах со пет гола беше најрасположен, додека по четирипати во листата на стрелци се запишаа Божиќ-Павлетиќ и Кларица. Голманот Тодор Јандриќ имаше осум интервенции.

Во Барселона, Кевин Мелер имаше 14 одбрани, додека Гонзало Перез де Варгас одбрани два удари. Дика Мем беше прв стрелец со осум гола, додека Алеш Гомез Абељо заврши со шест погодоци.