Барселона во карантин, одложено дербито против Веспрем

Натпреварот меѓу Веспрем и Барселона кој беше предвидено да се одигра в среда од 18:45 часот во Унгарија е одложен и ќе биде одигран во нов термин кој ќе биде закажан дополнително.

Оваа вест е веќе потврдена од страна на организаторот на натпреварот, Веспрем со оглед на тоа што гостите не се во можност да допатуваат.

Откако на почетокот на оваа седмица Каспер Мортенсен беше позитивен на Ковид 19 сега има уште двајца други играчи чии имиња не се соопштуваат.

Поради ова сите играчи и комплетниот стручен штаб се во карантин и нема да бидат во можност во следните десет дена да играат натпревари ниту да тренираат. Оттаму дуелот против Веспрем е одложен, а останува да се види како ќе биде со следните натпревари.