Барса останува без Мортенсен на долг рок

Чави Пасквал се соочува со проблем на левата крилна позиција откако данскиот репрезентативец, Каспер Мортенсен заработи повреда на коленото.

Веднаш му беше извршена операција на левото колено после која го очекува нова долга пауза. Прогнозите се дека ќе биде надвор од тимот на Барселона и репрезентацијата на Данска околу пет месеци.

Мортенсен во февруари се врати на терените после повредата која го одалечи една година од терените. По враќањето минатата сезона одигра седум натпревари  на кои постигна 19 гола, но првенството беше прекинато заради коронавирусот.

На почетокот на новата сезона Данецот играше доста добро, на 13 натпревари постигна 48 гола, но повторно се повреди и ќе остсуствува подолг период. Мортенсен е стандарден член на репрезентацијата, но сега ќе мора да го пропушти Мундијалот во Египет.