Барса најде замена за Палмарсон во Египет

Екипата на Барселона ќе менува многу во составот за следната сезона, а покрај тренерот Пасквал си заминува еден од главните, Арон Палмарсон, кој кариерата ја продолжува во редовите на Алборг.

Веќе се зборува за неговата замена, а како прв избор во моментов се споменува репрезентативецот на Египет, Али Зеин.

Срендиот бек кој има 30 години и 239 настапи за репрезентацијата го носи дресот на Ал Шарџи од Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за искусен ракометар кој би завршил добра работа во Барселона и секако би бил добро засилување односно замена за Палмарсон. Воедно би бил поддршка за Циндриќ и Макуц.