Барбоса мораше под нож, го пропушта ЕП!

Шпанската репрезентативка и членка на ЧСМ Букурешт, Александрина Кабрал Барбоса успешно беше оперирана во Мадрид.

Барбоса ги скина предните вркстени лигаменти на коленото на дуелот со Крим во Лигата на шампионите.

Процесот на рехабилитација ќе трае најмалку шест месеци, а може да биде и повеќе од тоа, па сезоната за неа е практично завршена.

Покрај преостанатиот дел од сезоната на клупски план со ЧСМ Букурешт, Барбоса ќе го пропушти и Европското првенство во Данска.