„Банхиди беше во составот од тактички причини, за да мислат во Вардар дека ќе игра“

Ракометарите на Вардар доживеаја уште еден пораз од ПИК Сегед, овој пат на гостувањето во Унгарија со минимални 33:34, иако после првиот дел имаа водстсво и до крај на мечот беа во игра за позитивен резултат.

Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор после победата сподели еден интересен дел од неговата тактичка одлука за тоа кој да биде во составот. Како што изјави по натрепварот тој го ставил Банхиди во тимот иако тој бил повреден и не можел да настапи.

„Одигравме две различни полувремиња, во првото бевме добри во напад но лошо игравме во одбрана. Второто полувреме го започнавме добро, а откако ја скенавме предноста нападнавме премногу и запоравивме на одбраната. Игравме подобро во клучните моменти. Бенце Банхиди беше полесно повреден и затоа не играше. Го ставив во тимот за натпреварот од тактички причини, за да помислат во Вардар дека ќе игра. Се надевам дека набрзо ќе се опорави и ќе биде со екипата“, рече Хуан Карлос Пастор.

После овој пораз Вардар останува на дното на табелата со три бода, а шанса да избега од последното место ќе има веќе во недела кога го пречекува Елверум. Со победа против Норвежаните, вардарци ќе им го препуштат осмото место во групата А.