Бабиќ за 24 Ракомет: Хрватска имаше одличен турнир, но денеска Норвешка е фаворит

Поранешниот селектор на Хрватска, кој од пред две недели е на клупата на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ со својот тим замина на подготовки во Србија и таму ќе може да ги следи натпреварите од завршницата на Европското првенство.

Тој смета дека селекцијата на Хрватска одработила одличен турнир, но според него во финалето ќе играат Норвешка и Словенија.

„Мислам дека Хрватска имаше одлично првенство, имаше одлични натпревари. Сепак, на денешната средба верувам дека Норешка е фаворит. Но во еден натпревар никогаш не се знае. Според мене денеска Норвешка е фаворит против Хрватска, а Словенија против Шпанија“, изјави Бабиќ за 24 Ракомет.

Тој смета дека Норвежаните имаат одличен состав и се покриени на сите позиции со по барем двајца квалитетни ракометари.

„Кога се гледа на телевизија е поинаку. Меѓутоа од она што го забележав Норвежаните покажаа континуитет, дека две силни постави, одличен голман, одлична транзиција, силен Сагосен кој ги решава дуелите 1 на 1 и создава предност. Мислам дека се одличен тим“.

Во однос на играта која беше покажана, вели дека немало изненадувања и ништо ново.

„Ова првенство не донесе ништо ново, но се бараат играчи кои играат два правци. Се виде дека се бараат играчи кои се млади и силни и можат да го издржат целиот турнир“, коментираше Бабиќ за 24 Ракомет.

Натпреварот Норвешка-Хрватска е прв на програмата денеска и се игра од 18 часот. Од 20:30 часот на терен излагаат селекциите на Шпанија и Словенија.