Ачимовиќ по краткиот престој замина од Радовиш ќе игра кај јужниот сосед

Поранешниот ракометар на Радовиш, Петар Ачимовиќ во новата сезона ќе настапува во грчкиот шампионат и ќе го носи дресот на Филипос од Верија.

Неговиот ангажман во Филипос беше и официјално потврден од страна на раководството на грчкиот клуб.

Ачимовиќ беше дел од македонскиот суперлигаш, Радовиш во пролетниот дел на минатата сезона, но реши да си замине од Македонија и да се врати во Грција.

27-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше за неколку клубови од Грција – Зафиракис Науса, Арион Птолемајада и Архелаус Катерини, додека во Србија беше дел од екипите на Херцеговина, Пролетер и Раднички.