Аутсајдерoт го шокираше Нант пред домашна публика

Со голот на Алекс Влах во последните секунди од мечот Целје направи огромно изненадување среде Франција триумфирајќи против фаворизираниот Нант со 32-31 во Б групата од ЕХФ лигата на шампионите.

Со тоа Французите останаа надвор од трката за директно место во четвртфиналето бидејќи заостануваат шест бода во однос на Кјелце кој загуби од Кил.
На Целје овој триумф ќе му овозможи да биде веднаш зад ПИК Сегед и Алборк, кои сега се пред него и имаат два односно три бода предност, на три кола до крај на регуларниот дел од сезоната во групниот дел од ЕХФ лигата на шампионите.

Гостите од Словенија по вторпат сезонава „земаат скалп“ на фаворит, откако на самиот почеток на сезоната го победија Кил. Сега на гостувањето во Нант не тргнаа најдобро, бидејќи домаќините од сам почеток направија предност од неколку голови. Откако Нант поведе со 9-5 во 15 минута на терен почнаа да се менуваат работите.

Целје прво израмни на 12-12 во 23 минута, потоа поведе со 15-14, а на полувреме змаина со предност од 17-15.

И во второто полувреме Словенците беа рамноправни, имаа водство а Нант тука веднаш, но никако да се одлепи за посигурна завршница. Во игра „гол за гол“ во 55 минута Нант поведува со 31-30, со надеж дека може да ја израдува полната сала. Мартиновиќ израмнива, а потоа Целје има шанса и да поведе но не успева да реализира. Мине исто така промашува во последната минута, па последниот напад го има Целје. Долго траеше нападот, под фаул и закана за пасивна игра. Алекс Влах во последните секунди погоди за триумф и радост на Словенците.

Алекс Влах со 7 гола беше најпрецизен во тимот на Целје, а по пет гол апостигнаа Гал Маргуч и Патрик Мартиновиќ. Кај домаќините Мине даде 8 гола, а Кавалканти пет гола.

Во следното коло Целје е домаќин на Барселона, а Нант гостува кај Елверум.