Атман: Без Кристопанс бевме немоќни!

Вардар загуби од Мешков Брест со 31-22 во претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите за оваа година, а се чини дека го загуби и Даинис Кристопанс кој ја обнови повредата. Павел Атман смета дека повредата надесниот бек ги исфрлила од колосек.

„Играме одлично во првиот меч, го контролиравме мечот. Во вториот го загубивме Даинис Кристопанс, а немаме многу избор на играчи. Губевме само еден разлика, но Мешков направи серија и се одлепи. Непланираната повреда на Даинис не исфрли од колосек и без него бевме немоќни. Сега мора да се вратиме психички и да се подготвуваме за мечот со Веспрем во Скопје“, изјави Атман.

Последниот натпревар во ЛШ, Вардар ќе го игра следниот викенд дома против Веспрем.