Астраион почна со подготовки за суперлигашкото деби

Дебитантот во новата суперлигашка сезона, тимот на Астраион од Струмица, ги започна подготовките пред елитниот предизвик.

Избраниците на Мики Пандев веќе тренираат на отворено, а кон средината на месецот би требало да заминат на висински подготовки во Пехчево.

Што се однесува до играчкиот кадар, во тимот дојде левото крило Славе Јанковски, кој беше дел од Вардар Јуниор во минатата сезона.

Астраион е дел од групата A со Охрид, КЛ7, Струга, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Пролет. Суперлигата започнува на 12/13 септември.