Арсиќ: Бевме изненадени од Татран Прешов, ќе ни треба повеќе време за да се воиграме (ВИДЕО)

Струга не признава фаворити, а тоа го покажа и дуелот меѓу Татран и АЕК. Грчкиот тим кој пред некоја година победи во Струга и има амбиции да има запазена улога во европските купови тргна со пораз. Голманот на АЕК Атина, Игор Арсиќ, кој во својата кариера настапуваше и во македонската елита, односно во тогашниот состав на Еурофарм Работник, истакна дека поразот од Татран Прешов за него бил изненадувачки. Според Арсиќ, на грчкиот вицепрвак ќе му треба повеќе време за да се воигра и да влезе во форма, бидејќи во екипата има голем број на нови ракометари. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на голманот на АЕК Атина.