Анѓеловски за едно полувреме собра двоцифрен број одбрани, Кокс без пораз во Финска

Тимот на Кокс, каде што брани македонскиот голман Јоаким Анѓеловски, ја забележа деветтата побда во финскиот шампионат.

Кокс на домашен терен славеше убедливо против составот на АИФК со 41-24, а на полувремее беше 19-12.

Македонецот Анѓеловски беше на голот на „петлите“ во првото полувреме и успеа да одбрани десет удари на ривалите.

Кокс со девет победи е на врвот на табелата со 18 бода, пред Дикен и БК-46, а следен предизвик за Анѓеловски и соиграчите ќе биде двобојот со Дикен на гостински терен.