Анчева и Стојанова ги постигнаа сите голови за Астибо, но бодовите се за Металург

Двете најдобри ракометарки на екипата на Астибо, Марија Анчева и Драгана Стојанова ги постигнаа сите голови за гостинскиот состав од Штип на дуелот против Металург, но тимот од Автокоманда дојде до победа од 30:20.

Кој ќе победи беше јасно од почетокот така што во продолжение беше прашање само на разликата со која ќе се дојде до триумф.

Анчева отвори во 1. минута, а потоа домашните со шест гола по ред стигнаа до предност која ја одржуваа до крјот на средбата. Големиот талент на македонскиот ракомет, Ива Младеновска беше лидерот во нападот на Металург и на крајот имаше седум гола, со кои беше најефикасна кај победникот, а таа ги водеше колешките до предност од 14:9.

Во вториот дел предноста беше зголемена. Како што може да се забележи и од записникот гостинките главно ги завршуваа нападите преку две ракометарки така што немаше многу шанса за да се направи пресврт. Металург рано го реши победникот бидејќи имаше и плус 13, 30:17, па во последните три минути дојде до опуштање со што беше поставен конечниот резултат.

На крајот беше 30:20, па бодовите останаа за Металург така што бодовите заслужено останаа дома.

МЕТАЛУРГ – АСТИБО   30:20 (14:9)

Сала: Автлкоманда во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Христоска, Тодоров, Ѓошевска 1, Гугуљанова 4, Петреска 2, Ивановска 2, Коловска 4, Младеновска 7, Т. Темелковска 2, М. Темелковска 1, Калајџиевска 3, Божиновска 2, Нестороска 2

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.

АСТИБО: Петрушева, Димова, Анчева 12, Карафиловска, Јовановска, Јованова, Стојанова 8, Кировска, Ананиева, Манева, Милева

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099