Анортозис и Аек со плус два ќе бркаат финале во Шведска и во Словенија

Екипите на Анортозис Фамагуста и Аек си обезбедија предност од два гола разлика на првите средби откако ги совладаа своите ривали пред реваншот следниот викенд.

Претставникот на Кипар во Европскиот куп, Анортозис Фамагуста славеше победа над Иштад со резултат 26:24, а дали ова ќе биде доволно ќе се види на реваншот. Ракометарите на Анортозис уште од самиот почеток, па сè до крајот беа во водство и во ниту еден момент не дозволија противникот да ја загрози нивната предност.

На полувреме резултатот беше 13:12 за екипата од Кипар. Одличната игра на домашниот тим продолжи и во вториот дел. Иштад во второто полувреме имаше неколку шанси да се врати во игра, но дадената можност не беше искористена.

Реванш натпреварот меѓу Анортозис Фамагуста и Иштад се игра на 24 април со почеток од 15 часот во Иштад.

Во вториот полуфинален натпревар, Аек славеше минимално над Горење, 31:29. На полувреме ракометарите на Аек имаа предност од 16:14.

Најефикасен во победничката екипа беше Флоридо Игнацио со седум гола. Во составот на Горење Велење се истакнаа тројца ракометари со по пет гола, Алекс Кавчиќ, Домен Тајник и Ибрахим Хасељиќ. Реванш натпреварот се игра во Велење на 24 април со почеток од 14:00 часот.