Андон Бошковски повеќе не е тренер на Пролет

Ракометниот клуб Пролет соопшти дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб на првата екипа, Андон Бошковски.

Причина за ваквиот потег е серијата слаби игри што кулминираше со трите порази во низа во Супер-лигата.

На последниот состанок одржан во текот на денешниот ден заеднички со тренерот е одлучено дека најдобро за клубот е да ја прекинат соработката.

Претходно Бошковски ги предводеше Вардар, Еурофарм Работник, КЛ7, Струга, Младост, Работнички и Радовиш во Супер лигата.