Андон Бошковски не е повеќе тренер на КЛ7!

Андон Бошковски од денеска не е повеќе тренер на најмладиот суперлигаш КЛ7. Оваа информација подолго време струеше во јавноста, но дури сега беше официјализирана.

Тимот на КЛ7 од оваа сезона е суперлигаш и за малку не успеа да се пласира во плеј-офот.

„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски. На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, се вели во соопштението.

КЛ7 наскоро би требало да го промовира новиот тренер, со кој ќе се обиде да избори опстанок.