Андоновски: Немавме ден, промашивме толку многу што не се промашува никаде

Во претпоследното коло од Супер лигата екипите на Охрид и Струга одиграа возбудлив и драматичен натпревар кој на крајот заврши нерешено.

Тренерот на Охрид, Горан Андоновски, вели дека колку што неговиот тим промашил на овој натпревар, некој клуб не промашува цела сезона.

„Промашивме три-четири пенали, дваесет зицери. Таков беше денот, немавме ден. Од многу желба мислам дека играчите изгореа. Промашивме толку многу, што не се промашува никаде. Важно ја остваривме целта се пласиравме во плеј-оф и не загубивме од Струга. Сега треба да се подготвуваме за пролетниот дел, многу работи треба да подобруваме”, изјави тренерот на охриѓани.

Охрид со освоениот бод го завери пласманот во плеј-оф фазата, додека Струга во плеј-аут фазата ќе пренесе максимален број на бодови (3).

Следен предизвик за избраниците на Андоновски е дуелот во Купот против Богданци, додека во последното коло од Супер лигата е гостувањето кај Вардар Неготино.

Бод злато вреден: Охрид е последниот патник во плеј-офот!