Ангеловски ќе заокружи десет сезони во Франција, потпиша нов договор со Белфор!

Поранешниот младински репрезентативец Александар Ангеловски ја продолжи соработката со францускиот Белфор.

Стружанецот потпиша нов договор со неговиот актуелен клуб, кој ќе има важност за сезоната 2023/24.

Левиот и среден бек ја игра деветтата сезона во Белфорт и еден од најдобрите стрелци во тимот.

Сезонава Ангеловски има постигнато 142 гола на 22 натпревари и е четврти стрелец во Третата лига на Франција.

Ангеловски потекнува од Струга, настапуваше за МРК Вардар, па за Вардар, како и за Куманово и за Зомимак Струмица, а со сите овие екипи играше во европските купови пред да замине во Франција во 2014 година.

Ангеловски игра во животна форма – даде 57 гола на последните пет натпревари!