Американците ќе учат ракомет во Унгарија: Веспрем склучи партнерство со клубот Детроит!

Студентот по право на Униерзитетот во Детроит, Џо Вилијамс е ко-основач на ракометниот клуб Детроит. Тој има големи амбиции за клубот во иднина и нема да се откаже од целта неговиот клуб да стане успешен и познат ширум светот.

Вилијамс, кој бара играчи и спонзори да за направи тим за натпреварување во националното првенство на САД, се надева дека ќе замине во Унгарија по пандемијата, за финализирање на партнерството помеѓу ракометниот клуб Детроит и Веспрем.

„Партнерството ќе вклучува голем број на програми, вклучувајќи размена на играчи, размена на тренери и взаемно промовирање на брендовите Детроит и Веспрем. Ние сме првиот клуб во Северна Америка што склучи вакво партнерство и јас сум многу возбуден поради тоа“, рече Вилијамс.

Вилијамс го основаше клубот минатото лето со своите браќа Мигел и Кристофер,  откако се врати дома од Данска каде што играше во мал локален клуб. Тој настапува за младинската селекција на САД, и смета дека има многу работа да се заврши надвор од теренот со цел да се развива спортот во држава.