Алушовски: Ќе ги следиме упатствата и како сите во Европа нема да тренираме неколку дена

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски појасни што ќе се случува во следнот период откако денеска стана јасно дека нема да се играат натпреварите ниту против Нексе ниту против Пик Сегед.

Двата натпревари не се играат во предвидениот термин бидејќи Корона вирусот направи големи проблеми и практично го измести комплетниот баланс во комплетниот живот на сите полиња.

„Ние до денеска се подготвувавме за дуелот в недела. Сега ова ни е хендикеп. Во моментов сме поквалитетни од Нексе и в недела ќе го заверевме Ф4 турнирот во СЕХА. Сепак, ние мораме да се придржуваме кон одлуките на нашата држава и за тоа што ќе биде понатаму. Практика низ цела Европа е сите да се распуштени на 4-5 дена. Најверојатно и ние ќе се одлучиме на таков чекор. Играчите и нивното здравје е пред сè и ќе направиме сè да ги зачуваме. Нашите тренинзи со 80% сигурно ќе бидат одложени. Изненаден сум од целата ситуација и не знам што ќе се случува“, изјави Алушовски.

Ова значи дека најмалку до среда нема да се тренира, а во зависност од развојот на целата ситуација можно е да дојде и до пролонгирање на терминот за враќање на тренинзите.