Алушовски: Чупиќ одигра како врвен десен бек!

После победата од 31:26 против тимот на Флензбург во кој Вардар доминираше во текот на целата средба кај вардарци владее одлична атмосфера и сите можат да бидат задоволни од направеното.

Тренерот Стевче Алушовски откри зошто на местото на Марко Вујин како десен бек играше Иван Чупиќ, а не Јосип Векиќ.

„Вујин во последните два дена се пожали на проблеми со ногата. Иван Чупиќ одигра како врвен десен бек како што се подгoтвувaвме. Многу е поискуен и e еден од најдобрите на овој натпревар. Ова беше тактичка замисла за да можеме да се враќаме и во одбрана 5-1. Она што го замисливме и го остваривме“, вели Алушовски.

Следниот натпревар Вардар ќе го одигра повторно на домашен терен против тимот на Порто.