Алушовски: Овие момци заслужуваат да ги прогласат за народни херои

На првиот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски обезбеди победа со своите ракометари, а таа дојде после четири порази во низа.

Победата од 38:28 е причина за радост во таборот на Вардар така што ова беше натпревар после кој секако се добива многу на полето на самодовербата и мотивацијата.

„Сум бил во Вардар десет години и сега сум одново тука. Вардар никогаш не бил во полоша ситуација во однос на иднината на клубот. Она што момците го направија денеска заслужија да им се честита и треба да се прогласат за народни херои за она што го прават за клубот, за државата. Ова се ретки квалитети кои ги имаат и задоволство ми е што можам да работам со овие момци“, рече Алушовски.

Следниот натпревар ќе биде против Порто, па и тогаш ќе треба да биде потврдена оваа игра за уште подобар впечаток.