Алушовски направи план, вардарци ќе ги почнат подготовките на 18 јули

Тимот на Вардар како се уште актуелен европски шампион ќе ги започне подготовките за новата сезона.

Тренерот Стевче Алушовски го подготвува планот за подготовките, кои ќе стартуваат во Скопје на 18 јули, иако претходно се споменуваа 16 или 17 јули.

Вардарци би требало да учествуваат и на традиционалниот турнир во Кањижа, каде досега потврдени учесници се Нексе и ПИК Сегед.

Заостанатиот реванш дуел од четвртфиналето на СЕХА, како и евентуалниот настап на завршниот турнир во СЕХА, вардарци би требало да го имаат во првиот викенд од септември.

Натпреварите од Лигата на шампионите ќе стартуваат на 16 или 17 септември, а ривалите Вардар ќе ги дознае на 1 јули.