Алушовски: Кога ќе промашите толку многу зицери…

Еурофарм Работник по петти пат загуби во Лигата на шампионите, по веќе видено сценарио. Подобар беше Татран Прешов со 31-29, а тренерот Стевче Алушовски смета дека не може да се стигне до победа со толку промашени зицери.

„Како да беше реприза од натпреварот во Битола, но овојпат домаќинот скоро постојано водеше. Со десетина промашени зицери и многу технички грешки, не може да се победи противник како Татран Прешов. Имавме и позитивни моменти, но во вакви дуели мора да играте добро постојано, бидејќи противниците се искусни екипи од Лигата на шампионите“, изјави Алушовски.

Следен натпревар за Еурофарм Работник ќе биде дуелот со Мешков Брест во СЕХА, додека во Лигата на шампионите ги чека пресметка во Лисабон со Спортинг следниот викенд.