Алушовски: Вардар е македонски бренд, се надевам на најдоброто!

Ракометарите на Вардар загубија убедливо на гостувањето кај португалскиот првак Порто со….и тешко може да се надеваат на петтото место по завршувањето на групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардар одиграа солидно во првото полувреме, кога имаа негатива само еден погодок, 11-10, но во вториот дел стандардно „црвено-црните“ имаа голем пад во играта, па домашниот лесно си направи солидна залиха.

Тренерот Стевче Алушовски се надева на подобри времиња за македонскиот тим.

„Имаме големи проблеми, но се надевам на најдоброто.Во нашата земја Вардар е бренд и верувам дека така ќе остане, може не на ова ниво, но дека ќе функционира. Не е моја работа да мислам на тоа, туку да ги подготвувам играчите, да искористам се што имам во ростерот во моментов за сите останати натпревари. За нас многу тешка ситуација затоа што имаме премногу повредени играчи, некои и заминаа и моравме да играме седум на шест во еден таков момент имаме само шест играчи кои може да играат ракомет на ова ниво. Наше е да тренираме, а имаме пет пивоти, четири крила и тројца голмани за направиме квалитетен тренинг.Се надеваме на подобри денови за нашиот клуб“, вели Алушовски.

Последниот натпревар за Вардар во групата оваа сезона ќе биде следната сабота на домашен терен против францускиот Монпелје со почеток во 17:30 часот.