Алкалоид остана перфектен, Серафимов и Јорданов ја наполнија мрежата на Куманово

Новиот прволигаш Алкалоид го забележа седмиот триумф во Првата лига, откако на домашен терен славеше над составот на Куманово со убедливи 38-26.

На стартот се играше гол за гол до 4-4, а домашните кон средината на првиот дел ја направија првата поголема предност, 8-5. Алкалоид потоа доминираше, но не поведе со повеќе од четири гола и на пауза се замина со 18-14.

Како одминуваше времето во второто полувреме, така домаќините полека ја преземаа контролата и само ја зголемуваа разликата во своја корист, а на крајот публиката беше задоволна од тоа што го виде на овој меч од нивните миленици.

Најдобри стрелци кај Алкалоид беа Мартин Серафимов со седум и Олег Јорданов со шест гола, додека кај Куманово се истакнаа Јован Даневски со осум и Влатко Тасевски со седум погодоци.