Александер Шпенде верен на Базел – го продолжи договорот до 2024 година

Повремениот репрезентативец на Словенија и поранешен ракометар на Металург, Александер Шпенде, останува во Швајцарија и го продолжи својот договор до 2024 година со Базел.

Шпенде прикажува одлични игри за Базел, а на вкупно 13 одиграни натпревари постигна неверојатни 99 голови во оваа полусезона.

Базел се наоѓа на осмото место со 8 освоени бодови, а во продолжението од сезоната ќе се бори за подобар пласман во швајцарското првенство.

Шпенде пред неколку месеци стапи во брак со поранешната ракометарка на Металург, Марија Гајиќ.