Алборг во проблеми пред гостувањето во Скопје, доаѓа без голманот Агефорс

Вицешампионот од минатата сезона од Лигата на шампините, Алборг следната среда гостува во Скопје кај тимот на Вардар во 3. коло, а најверојатно на оваа средба ќе биде без голманот Микаел Агерфорс.

Швеѓанецот се повреди и не играше ниту синоќа против екипата на Монпелје во 2. коло на која Алборг дојде до победа од 36:28.

Информациите велат дека Агефорс има пролеми со стомачните мускули, но нема прецизна информација за каква повреда се работи и колку ќе биде отсутен од терените. Засега е неизвесен за настап и не може да се знае дали ќе биде подготвен за да допатува во Скопје следната среда.