АЛАРМАНТНО: Еден тим пријави дури 12 позитивни случаи на Ковид-19!

Секојдневно пишуваме за позитивни ракометари и ракометарки низ клубовите во Европа, но досега најголемата бројка беше петмина од ист клуб.

Но денешната вест од Русија, што ја објави рускиот портал „Брз Центар“ е алармантна. Дури 11 ракометари од тимот на Динамо Челјабинск и едно официјално лице се позитивни на коронавирус!

Руското првенство во машка конкуренција треба да почне викендов, а натпреварите од првото и второто коло на Динамо против Сунгул и Нева се веќе откажани и регистрирани со службени победи за ривалите.

Целиот тим сега оди во карантин и доколку се биде во ред, ќе се вклучи во шампионатот од третото коло.