Активно и во Охрид: Стојановиќ прозиваше на стартот од подготовките (ФОТО)

Од денеска активно е и во Охрид каде што екипата која заврши на 2. место во послендата прекината сезона тргна со работа за новата сезона.

Тренерот Раде Стојановиќ имаше можност да ги запознае ракометарите со она што претстои, а јасно е дека првиот дел од тренинзите ќе биде одработен на отворено.

Oхриѓани немаат големи промени во тимот и со двајца заминати од лани и еден нов играч влегуваат во сезоната во која се сака повторување на успеход и пласман во плеј-офот каде што ќе има битка за излез во европските купови.