Ако ситуацијата со коронавирусот не се подобри, нема да има квалификации за ОИ!

Половина од учесниците на ракометните турнири во рамките на Олиписките игри веќе се познати, а останува да се дополнат уште по шест места во двете конкуренции.

Квалификациските турнири првично требаше да се одржат од 20 до 22 март во женска конкуренција, а од 17 до 19 во машка конкуренција, но поради ситуацијата со ширењето на коронавирусот тие се одложени за јуни.

Доколку и тогаш нема услови  да бидат одржани, Светската ракометна федерација и Светскиот олимписки комитет имаат резервна варијанта.

Квалификации нема да има, а преостанатите учесници ќе бидат одредени според  рејтингот на континеталните и светски шампионати.

На почетокот на април би требало да биде познато како ќе се рангираат репрезентациите, доколку нема квалификациски турнири.