Ако нема услови на крајот на март, квалификациите за ЕП се префрлаат во јуни

Од 25 до 29 март е предвидено да бидат одиграни натпреварите од 3. и 4. коло од квалификациите за Европското првенство во женска конкуренција, а поради Корона вирусот веќе се преземаат мерки и од ЕХФ, па веднаш е најдена солуција за овие термини доколку не постои можност натпеварите да бидат одиграни во предвиденото.

После состанокот е утврдено дека дамите ќе можат да ги одиграат овие средби на почетокот на јуни со оглед на тоа што на крајот од мај имаат уште две кола. Оттаму и првата недела од јуни ќе биде прогласена за недела на ЕХФ, па ќе можат да се играат дуели од квалификациите.

Свој коментар имаше првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер кој вели дека не можат да влијаат на федерациите за тоа дали ќе се одиграат сега натпреварите.

„Ние сме целосно свесни дека ЕХФ како институција не може да игра доминантна улога во процесот на донесување на одлуки бидејќи во рамки на различните нации постојат и различни закони. Одлуките се носат на национално, регионално, па дури и на локано ниво. Сепак, наша одговорност е да ги координираме работите на најдобар можен начин и да обезбедиме алтернатива доколку не постојат услови сега да бидат одиграни квалификациските средби“, вели Видерер.

Инаку, термините за 5. и 6. коло се од 27 до 31 мај. Доколку 3. и 4. коло не бидат одиграни сега на крајот на март тогаш веројатно ќе се играт после овие дуели во мај.

Според закажаното Македонија на 26 март има гостување во Португалија во Тондела, а потоа на 29 март со истата селекција игра на домашен терен. Во мај прво ќе игра дома против Шведска, а потоа и гостува на Чешка.