„Ако Алекс ми каже дека има подобра понуда – ќе му кажам спакувај се и замини од Келце“

Шпанскиот стратег Талант Душебаев е на тренерската позиција на Келце каде што настапуваат неговите синови Алекс и Даниел. Алекс кој со Вардар стана европски шампион во 2017 година игра на одлично ниво и е еден од најпосакуваните ракометари во Еврпоа во овој момент.

Најпрво беше поврзуван со Порто, а потоа и Азоти Пулави испрати понуда за него до неговиот клуб. Екипите сакаат да ја искористат економски неизвесната ситуација во Келце и да го ангажираат Шпанецот.

„Алекс е помеѓу играчите кои сите клубови сакаат да ги имаат. Тој е атипичен и несебичен играч, може да игра како крило или како бек тоа го прави комплетен играч. Сите мои играчи пред сè ги третирам како луѓе. Ракометот не е фудбал и кога ќе се пензионираме не можеме да живееме од тоа што сме го заработиле. Секогаш ќе го советувам синот што е најдобро за него. Ако ми рече дека има подобра и побогата понуда од некој друг клуб, ќе му кажам договори се со Клеце, спакувај ги куферите и замини“, рече Талант.

Помалиот син на Талант имаше проблеми со коленото кое го повреди на Светското првенство во 2019 година, откако се опорави започна да се враќа во формата но повторно имаше проблеми со повреда на рамото.

„Бидејќи не можеше да шутира Даниел играше најчесто во одбраната и во тој аспект напредуваше многу. Во 99% од случаите во нападите тој избираше да асистира, нормално дека ќе го ставам во одбраната. Мојот сон е да го тренирам националниот тим еден ден. Доколку сите тројца би биле дел од репрезентациајта тоа би било вистинско чувство на гордост. Сепак Жорди Ривера освои две титули Европски првак по ред и се надевам дека ќе остана на селекторската позиција уште многу години“ рече Душебаев.