Аеродром ја продолжи соработката со Маркудов, Куртановиќ и Лефковски

Тимовите на Аеродром и Вардар Неготино, во новата сезона од Првата лига ќе бидат главните фаворити за врвот и место во Суперлигата или во баражот.

Аеродромци веќе почнаа со склопување на играчкиот мозаик за новата сезона и ги договорија првите тројца играчи.

Станува збор за поранешниот младински репрезентативец Андреј Маркудов, голманот Мурат Куртановиќ и десниот бек Марио Лефковски, кои ги продолжија договорите за две сезони.

Покрај нив, во текот на следните денови треба да бидат продолжени договорите со уште дел од играчите што беа дел од Аеродром лани, а ќе бидат донесени и засилувања.