Аеродром славеше висока победа против Металург РА

Екипата на Аеродром ја запиша третата победа во новата сезона во Првата машка лига откако како гостин во Автокоманда одигра одлична партија против Металург РА обезбедувајќи висока победа која беше изразена со резултат 44:32.

Иако требаше да биде дерби натпревар од Групата Б, сепак, избраниците на Дарко Петровски уште од самиот старт тргнаа во офанзива и солидно водство. Со головите на Петрески, Митев и Петровски, гостите од Аеродром имаа водство од 4:1 по неколку минути игра. Ракометарите на Металург РА првиот гол го постигнаа дури во осмата минута.

Во преостанатиот дел од првото полувреме беа казнети сите грешки на домашната екипа. Аеродром од минута во минута градеше високо водство кое му дозволуваше опуштеност во текот на целиот натпревар и мирна завршница. На полувреме резултатот беше 21:13 за составот на Аеродром.

Вториот дел беше само формалност и дел во кој гостинските ракометари продолжија да ја полнат мрежата на противникот. Металург РА се обидуваше да ја преполови големата негатива, но на крајот остана на минус 12 гола разлика.

Најефикасени во победничката екипа беа еден од најмладите во тимот, Дамјан Митев со десет и Иван Митревски со осум гола. Во екипата предводена од Миле Бочкаровски прв стрелец беше Христијан Неданоски со 13, додека Џулијано Христоски запиша десет гола.