Аеродром го победи Борец и го остави на дното

Екипата на Борец го забележа и осмиот пораз во 9. коло од Првата машка лига во групата 2, овој пат подобра од нив беше екипата на Аеродром со 29:25.

Аеродром имаше успешно гостување во Велес и освои важни три бода против Борец. Кон средината на првите 30. минути гостите направија предност од четири гола која ја задржаа и на полувремето кога имаа водство 15:11.

Во второто полувреме подоброто издание на Аеродрoм продолжи па во еден момент од дуелот имаа највисоки 27:19. До крајот рутински го одработеа мечот за нови три бода со кои го одржуваат чекорот со Младост Богданци.

Ракометар кој најмногу се истакна во составот на Борец беше Лазар Стојанов со десет постигнати гола и беше вкупно најефикасен на дуелот. Во екипaта на Аеродром, Марио Лефковски со девет гола беше најпрецизен, Бојан Спасовски постигна седум гола.