Австријците поделија комплименти за Металург: Имавте напорна недела, освоивте голем бод

Составот на Фиверс од Австрија одработе одлична средба и успеа да одигра натпревар во кој од Скопје си заминува со еден освоен поен. Во текот на сите 60 минути се надигруваше со Металург, но на крајот нијанси пресудија кој ќе дојде до бодовите.

Од нерешените 33:33 задоволни можат да бидат и во двете екипи, но можат да бидат и разочарани бидејќи лесно можеа да стигнат и до победа.

„Ви честитам за освоениот бод. Знам дека не е победа, но тоа е голем бод особено што знам каква беше минатата седмица за тимот. После напорната седмица одигравте одличен натпревар и момците завршија одлична работа на теренот. Ние, пак, овој натпревар извлековме голема поука“, коментираше тренерот Петер Екл.

На коментарот од тренерот се надоврза ракометарот Лукас Хутечек, кој средбата ја заврши со три погодоци.

„Ова беше тежок и неизвесен натпревар. Ние одигравме добро во првото полувреме и имавме контрола, но во второто полувреме Металург беше далеку подобар и во еден момент имаше 6 или 7:1. Можевме да победиме, но можевме и да загубиме, па затоа сметам дека ремито е најреалниот резултат“, изјави Хутечек на пресот после натпреварот.

Средбата во Австрија ќе биде одиграна на 23 февруари, а дотогаш и двете екипи имаат доволно време за да се подготват уште подобра.