🔴ВО ЖИВО🔴 Азербејџан – Македонија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска во Баку ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Азербејџан, која во претходното коло направи изненадување совладувајќи ја Литванија.

Македонија е голем фаворит во дуелот со Азербејџан и се очекува „црвено-жолтите“ да ја остварат третата квалификациска победа.

По двете стартни победи, над Литванија во гости и Азербејџан дома, избраничките на Кристијан Грчевски практично се пласирани на континенталниот собир.

Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан ќе се одигра со почеток од 15:00 часот, а може да го гледате TУКА или ТУКА 

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.