Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска пристигнаа во Гдањск, а вечерва го одржаа тренингот во „ЕРГО Арена“ каде што утре ќе го одиграат вториот натпревар од Лигата на Европа.
Пелистерци ќе му се спротистават на домаќинот Вибжеже Гдањск кој во првото коло го надигра Гумерсбах среде Германија.
Лино Червар ќе смета на француското засилување Саду Н’Танзи за оваа прресметка во која битолчани ќе ги бараат првите европски бодови.
Мечот меѓу Вибжеже Гдањск и Еурофарм Пелистер се игра утре во „ЕРГО Арена“ од 18:45 часот.
























