Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, беше најдобар стрелец на битолчани во групната фаза во Лигата на шампионите.
Еден од неговите погодоци, ремек-делото против Динамо Букурешт му „фати око“ на медиа тимот на ЕХФ.
Тој се најде на осмата позиција во ТОП 10 погодоци по групната фаза од најелитното клупско натпреварување.
Покрај Кузмановски, меѓу најубавите погодоци имаше место и за оние на Карлсбогард од Барса, Абди од Нант, Морито од Келце…како и Гури од Спортинг Лисабон.
Погледнете…