Еурофарм Пелистер славеше против полскиот првак Висла Плоцк со 21-18 и сега има шест бода во Лигата на шампионите.
Тоа е доволно за шестото место, кое носи билет за осминафиналето, иако конкуренти и натаму остануваат Висла и Фредериција.
Еден од најзаслужните за значајната победа беше голманот Никола Митревски, кој запиша 13 одбрани.
Според официјалната статистика, гостинските ракометари упатија 29 шута кон голот на Митревски, а тој имаше успешност од 45%, што е повеќе од одлично.
ЕХФ на своите социјални канали ја потенцираше одличната партија на Митревски…
View this post on Instagram