Ѓукиќ не е повеќе селектор на Израел

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, повеќе не е предводник на машката сениорска репрезентација на Израел.

Двете страни одлучија спогодбено да ја прекинат соработката и секој да си продолжи по својот пат.

Ѓукиќ кормилото на Израел го презеде во месец септември минатата година и успеа да ја трансформира репрезентацијата, која има добар потенцијал.

Искусниот тренер од Србија го водеше Израел и во периодот од 2012 до 2015 година, а беше предводник и на Црна Гора, Велика Британија, Јордан и Швајцарија.

Освен во национални селекции работеше и во многу клубови меѓу кои Вардар, Татабања, Мадеира, ПИК Сегед, ЧСМ Букурешт, Макаби Тел Авив, Одорхеи…

Ракометната федерација на Израел одлучи на местото на Ѓукиќ да биде домашниот стратег Саар Френкел.