Унгарскиот шампион Ѓер продолжува со одличните настапи во Лигата на шампионите откако во Романија прослави убедлива победа против Валчеа со 17 голови разлика, 37:20.
Уште од самиот почеток на натпреварот разликата растеше од минута во минута. Како на тренинг и со лесни голови, избраничките на Габор Дани, без никакви проблеми ги освоија бодовите.
Најрасположена за игра во победничкиот табор беше Вероника Кристијансен со девет голови, а Евгенија Миневскаја беше најефикасна во романскиот шампион со четири погодоци. Со поразот од Ѓер, ракометарките на Валчеа остануваат на дното на табелата во Б групата со 0 бодови.
Интересен натпревар одиграа Битигхајм и Крим кој заврши без победник, 22:22. Ракометарките на Битигхајм во последните десет секунди од натпреварот имаа шанса да победат, но голманката на Крим, Јована Рисовиќ со одлична интервенција донесе голем бод за Крим. На полувреме Битигхајм имаше предност од четири голови, 14:10. Ксенија Смитс ја предводеше листата на стрелци кај Битигхајм со шест голови.
Француски Мец славеше на свој терен против Ростов Дон со 27:26. Во крајно израмнет натпревар, ракометарките на Мец со добрата игра во последните осум минути стигнаа до важна победа. Канор Орлане беше најефикасна во составот на Мец со шест голови. Во Ростов Дон, Ана Вјахирева беше прв стрелец со пет голови.